Уште во 2010-та во Собранието опозицијата алармираше дека со носењето на измените на Законот за електронски комуникации тајната полиција на тацна и без потреба од налог ќе ги добие сите електронски комуникации меѓу граѓаните. Владеачкото мнозинство тогаш реплицираше дека новиот Закон за електронски комуникации е само допрецизирање на одредби во Законот за следење на комуникациите и нема да има никакво кршење на правата и слободите.

Од сегашна дистанца, имајќи ги во предвид материјалите од прислушувани разговори што ги објави лидерот на СДСМ произлегува дека предупредувањата не биле без основ.

На оваа тема во новото издание на емисијата „360 степени“ разговараа Народниот правобранител Иџет Мемети и поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, која се прикажува на Алсат-М, а пренсува Либертас.