ВИДЕО: „360 степени“ за гатачката на Груевски – Синоличка Трпкова и Сашо Кокаланов + анализа од д-р Мимоза Ристова

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“ во кое, по обелоденувањето на аудио-снимките објавени на јутјуб на кои се слуша разговор, најверојатно, меѓу екс-премиерот Никола Груевски и неговиот астролог, како и најавите за изработка на уметнички слики во новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ на кои се воздигнува партиското раководство, се разговараше за тоа дали најголемите проблеми на Македонија го надминуваат теренот на политичкото?

Гости беа Синоличка Трпкова, професорка на Факултетот за драмски уметности и Сашо Кокаланов, новинар и автор на „Коза ностра“.

Во него и прелиминарна анализа на аудио-снимките на овластениот судски вештак д-р Мимоза Ристова Емисијата завршува со „Саботажа“.