Новинарот Борјан Јовановски и поранешниот дипломат, амбасадорот Ристо Никовски водат жестока дебата за случајот со прислушуваните разговори што сукцесивно го обелоденува опозицијата и случајот „Пуч“ што во отвори власта. Во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М, тие се конфронтираат и на темата – дали и каква улога треба да има меѓународната заедница во решавањето на политичката криза во Македонија. Повод е посетата на еврокомеарот за проширување Јоханес Хан на Македонија.
