Дојде мигот кој обожавателите на квалитетната музика долго време го очекуваа: Адел ја издаде својата прва песна од новиот албум 25.
Имаше низа шпекулации за тоа кога конечно ќе излезе третиот албум на Оскаровката Адел, но таа конечно ја разоткри мистеријата со отвореното писмо до своите фанови вчера, најавувајќи ја промоцијата албумот за 20 ноември:
“Претходниот мојот албум беше албум на разделбата и ако треба да го дефинирам оној кој претстои да излезе, ќе кажам дека е албум на помирувањето. Помирување со мене самата. Со изгубеното време, со сето она што го направив и што не го направив”, објаснува 27 годишната пејачка.
Претходниот албум “21” на Адел излезе во 2011 година непосредно пред врската со сегашниот нејзин партнер Симон Конеки. Албумот, кој се очекува да излезе е “25” и би требало да е инспириран од нивната љубов.
Иако веројатно Адел чувстуваше огромен притисок поради високите очекувања од целокупната јавност за нејзиниот следен музички проект, таа очигледно успеала уште еднаш да се надмине себе си, и молкот го прекрши со моќна балада во нејзин стил, придружена со сензационален видео спот.