Адел замоли свој фан да престане да ја снима со камерата за време на нејзиниот концерт во Верона, Италија. 28-годишната пејачка се обрати кон дама од публиката со зборовите: “Може ли да престанете да ме сликате со оваа камера, бидејќи јас всушност сум тука, на сцената. Може да ме видите со свои очи, а не преку камерата” .Адел додаде дека тоа не е DVD, а вистинско шоу и ја повика публиката да му се наслади, бидејќи има многу други кои го сакаат тоа, но не успеале да присуствуваат на концертот.
Светската турнеја на Адел започна во почетокот на март со концерт во Белфаст, Северна Ирска. Европскиот дел од турнејата на пејачката ќе заврши во Антверпен, Белгија, во јуни.
Во јули со концерт во Сент Пол, Минесота, ќе стартува северноамериканскиот дел од турнејата на британската пејачка.
