ВИДЕО: Адвокатот Митровски со камера го бркаше Саше Политико за да му направи интервју

од Берта Китинска

Адвокатот Јанаки Митровски на својот Фејсбук профил објави видео  во кое се обидува да направи интервју со Саше Ивановски – Политико во неговиот претпознатлив стил.

Митровски во моментот кога го пресретнува Политико го вади телефонот и почнува да го снима без да го предупреди.

-Со Саше се видовме пред суд и се решивме да направиме интервју – во негов стил. Саше се нашол уплашен па ме пријавил во Беко каде утре сум во 08:30 по повод поплака. На крајот на интервјуто сам кажува дека не му смета што го снимам, патем на јавен простор, напиша Митровски.

Тој во видеото на Ивановски му вели дека ќе го тужи и ќе му ги земе сите пари.

Слични содржини