Македонскиот состав АЈ Кју го промовираше видеото за својата најнова песна „Сега ми е забавно“.
Покрај кул звукот, песната доаѓа и со шик спот во кој една од актерките е контроверзната македонска мис претставничка Дунавка Трифуновска.
Музикатам, текстот и аранжманот на песната се на Бојан Трајковски, а видео записот е во режија на Горан Костадинов.
Она што е најважно е дека на сите нив им е забавно, а тоа се гледа и чувствува.