274
“Го сакам Вучиќ како тебе, понекогаш дури и повеќе. Го сакам човекот како моето дете. Тешко ми е ако загуби”, вели една пензионерка од Србија, чие видео се шири на социјалните мрежи.
Таа пред камерата наведува дека Србија никогаш досега немала „таков претседател“, и вели дека неговите главни квалитети се тоа што „дава евра“ и „дава пакети“.
Баба понатаму тврди дека „го сака како нејзино дете“.
Зборувајќи за можноста СНС да ги загуби изборите следната година, пензионерката предупредува дека ќе „умре“.