Ураганот од четврта категорија по име Хелен, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида. Жител на Флорида изјави за Си-Ен-Ен како мислел дека невремето нема да биде сериозно.
„Бурата започна прилично бавно, а потоа, бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна нивото на водата да се зголемува и расте“, изјави Хелер за Си-Ен-Ен.
Хелер објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како весла низ дневната соба на виолетов кајак, а околу него лебдат растенија, апарати и мебел.
„Тоа беше мојот план за бегство ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба“, рече тој.
Додаде дека во минатото имал поплави дома, но ова е најголемата поплава што ја доживеал.
Хелер подоцна се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој поминал многу бури во текот на својот живот.