Поп-ѕвездата Анастејша покажа неостварен талент како актерка. Таа се преправи и се појави на кастинг на шведскиот Music Idol. Таа била во Стокхолм за снимањето на нови песни и решила да си направи шега и да се појави во шоуто.
Пред жирито таа се појави со црвена коса и капа и се претстави како Габи од Лондон. Потоа исполни акапела шведска песна, како и своето парче “I’m outta love”.
“Многу си талентирана, но не можеш да пееш. Потсетуваш во гласот на Анастејша, но премногу загрижувачки”, ѝ објасни на “Габи” Киши Томи од жирито.
Интересно е дека никој од членовите на жирито не можеше да ја препознае ѕвездата.
Подоцна сепак таа се покажа пред жирито за време на паузата, што предизвика доста емоции … Видете во видеото.