(ВИДЕО) Ангелов секој ден ќе оди во МРТ, се додека не се пуштат снимките

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, вечерва повторно ќе оди во МРТ за да им каже на директорите и уредниците дека како јавен сервис имаат обврска да ги објават снимките што ги презентираше опозицијата.

stojanceMRT

– Ги повикувам сите граѓани во 19 часот да влезем внатре и да ги принудиме да го пуштат она што во секоја нормална држава се должни да го пуштат, а тоа се разговорите, што со недели наназад, ги објавува лидерот на опозицијата, рече Ангелов пред споменикот на бранителите во „Жена парк“.

Тој рече дека за оваа држава дал 4 литри крв и никогаш нема да дозволи никакви активности кои се на штета на македонските граѓани

– Луѓето од Достоинство нема да применат никакво насилство, дури и да се обидат да ни уфрлат некои што ќе се обидат да провоцираат насилство, ние самите ќе ги совладаме и ќе ги предадеме на полицијата, рече Ангелов

Тој барал средба со главниот уредник Петревски кој му ветил дека ќе се сретнат, но дотогаш членовите и симпатизерите на Достоинство ќе влегуваат во МРТ со барање да се пуштат снимките.

– Ние ги поддржавме барањата за оставка на оваа влада, за оставка на јавниот обвинител и за оставка на раководството на МРТ, кое веќе доцни, зашто досега требаше да си даде оставка и воедно да ги потсетам дека и кривично ќе одговараат и некој од нив ќе лежи во затвор. Ова им е последна шанса да се искупат и во согласност со законот за кривична постапка да се спогодат со јавниот обвинител затоа што вршат тешко кривично дело – злоупотреба на службена должност. Ние, македонските граѓани ги плаќаме да ја информираат јавноста, а не да го перат мозокот на граѓаните, рече Ангелов.