Антонија Гиговска е втората Македонка која влезе во шестиот круг на музичкото талент шоу за деца „Пинкови ѕвездички“. Таа ѝ се приклучи на Елена Бимбиловска, исто така со 5 столици горе од судиите на натпреварот.
14 годишната скопјанка го испеа хитот „Врати ми го сонцето“ на Александра Јанева, инаку победник на Макфест 2013.
Маестралната изведба без грешка на Антонија предизвика овации од публиката и воодушевување кај жирито.
(ВИДЕО) Елена Бимбиловска е првата Македонка во шестиот круг на Пинкови ѕвездички
Следната емисија ќе го погледнеме и настапот на Мартија од Куманово, која е третата учесничка од Македонија што се бори за победа на шоуто.