(ВИДЕО) Aнтонија со 5 ѕвездички го помина и третиот круг

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Антонија Гиговска од Скопје, веќе по трет пат добива 5 гласа од жирито за продолжување понатаму во натпреварот.Antonia-Gigovska-Hurt

14 годишната скопјанка овој пат ја изведе исклучителната балада од Кристина Агилера “Hurt” и за својата беспрекорна интерпретација доби оцена „совршено“.

Леонтина ѝ порача дека е натпреварувачот со најздрава техника, дека е сериозен пејач и дека веќе трет пат застанува на сцената, а таа не може да ѝ најде ниедна маана, туку извлекува само уште по некој нов комплимент.

Јелена, пак, ѝ претскажа успешна кариера: „Македонија треба да се гордее со тебе!“

Со сите гласови од жирито, Антонија продолжи директно во четвртиот круг од натпреварувањето.