(ВИДЕО) Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен

од Milan1
217 прегледи

„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче што ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате „ад хоминем“. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како вас“, му порача на Христијан Мицкоски од собраниската говорница лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Апасиев изрази незадоволство од одговорите на премиерот Христијан Мицкоски на прашањата зошто ВМРО-ДПМНЕ врши законски измени со кои зборот Република Македонија го менува со „Република Северна Македонија“ какво што е новото уставно име на државата.

„Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто кошта колку станот во којшто јас живеам?
И дали е вистина дека планирате вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД, на Фармацевскиот факултет?

Како успеавте со ваков вичен и правичен адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму и сега ќе ни кажувате, одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе. Апасиев живее од професорска плата.
Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно вашата квази-патриотска бугарофилска партија го брише името Македонија, без обврска од Преспанскиот договор!“, обвини Апасиев.

Слични содржини