(ВИДЕО) Aрсовска повторно се вклучи во живо од Чаир: Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови се незаконски градени

од Milan1
54 прегледи

„Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и многу закани!

Дрскоста оди до таму што денес копаат булевар за диво да се приклучат на водоводна и канализациона мрежа, демек во недела нема никој да ги фати, а на струја веќе див приклучок си направиле.

Во текот на утрешниот ден Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе добие уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир. Инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир“, објави на својот Фејсбук профил градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.