(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Дубаи

од Vladimir Zorba
117 прегледи

13902203_1145145748890616_1420024521_o

Авион на „Флај Емиратс“ на летот од Индија се запали при слетувањето на аеродромот во Дубаи, соопштија дубајските власти, додавајќи дека нема повредени.

На фотографиите на социјалните мрежи се гледа густ чад како излегува од леталото.

Станува збор за авион „боинг 777-360“, кој полетал од Тируванантапурама во Индија, објави на „Твитер“ интернет-сервисот за следење летови „Флајтрадар 24“.

Портпаролот на аеродромот изјави дека сите 282 патници и 18 члена на екипажот се евакуирани.

Сите полетувања и слетувања од аеродромот се запрени.