(ВИДЕО) Авировиќ: Гласајте за Николае Груевски, Зајковци ќе си одат, ќе го казниме предавството

од Vladimir Zorba
77 прегледи

На 11 гласајте за бројот еден. Гласајте за Николае Груевски, гласајте за себе. Вие сте хероите на Македонија. Гласајте, нема да се покаете. Ние тоа што го ветуваме го остваруваме. Затоа што Македонија не смее да има повеќе предавства, дошта беше од Зајковци, на 12 ќе си одат таму кај што припаѓаат, предавството ќе го казниме, рече Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на митинот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Бутел.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата в недела ќе освои 65 пратеници во Собранието.

– Затоа драги браќа, на 11 декември до 12 часот, сите во рака со пенкалата, тоа ќе биде најголемото херојство. Секој се бори на свој начин. Груевски е херој затоа што се бори да ја крене Македонија економски. Јохан се бори со други методи, со пушка, затоа што ја сака Македонија. Вие ќе се борите со пенкало, затоа што ја сакате Македонија, рече Авировиќ.