(ВИДЕО) Аврил Лавињ со нова песна се врати од мистериозното лечење

од Vladimir Zorba
82 прегледи

На крајот на минатата година фановите на Аврил Лавињ беа многу вознемирени, бидејќи нивната миленичка исчезна од јавниот простор.hswbv

Тогаш пејачката изјави само дека е болна, но без да прецизира каква ѝ е точно  состојбата. Се појавија дури и шпекулации дека ѕвездата се лекува во клиника поради зависност од дрога, но таа побрза да ги побие со порака на социјалната мрежа.

Добрата вест е дека Аврил се врати и дури и има подготвено нова песна и видео кон неа.30-годишната музичка ѕвезда дебитира новиот сингл “Give You What You Like”, со 30 секунден видео клип со дел од песната.

Новиот проект на Лавињ е саундтракот на филмот “Babysitter’s Black Book”, а во видеото се вклучени снимки од него.Пејачката, пак, е во одлична форма и по се изгледа дека е ослободена од здраствените проблеми.