(ВИДЕО) Бајден „нападнат“ од џиновски инсект

од Vladimir Zorba

Џо Бајден се сретна со доста големи инсекти додека чекаше да се качи на претседателскиот авион „Ер форс уан“, кој леташе од Америка до Велика Британија за да се сретне со водечките луѓе во светот.

Имено, разговарајќи со својата воена придружба, американскиот претседател почувствувал како нешто му се шета околу вратот и започнал да го вади со рака. Дури кога погледна кон подот, сфати дека на вратот има огромен инсект што отскокна удобно далеку, оставајќи го Бајден во изненадување.

Нападот на инсектот го снимаа камерите на новинарите кон кои Бајден подоцна се сврте и им рече со смеа „Пазете се од штурците“.

Сепак, тој не беше единствениот што имаше блиска средба со агресивни инсекти. Вистинската наезда на штурците во последната недела се одвиваше по американскиот источен брег, но и некои земји во внатрешноста.

Имено, сè отиде толку далеку што штурците предизвикаа механички проблеми во авионот и летот на новинарите кои требаше да го придружуваат Бајден беше одложен за цели седум часа.

Слични содржини