Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на вечерата за кореспонденција во Белата куќа направи неколку шеги и на своја и на туѓа сметка, а меѓу нив беше и Владимир Путин.
Настанот се одржа за прв пат од 2019 година, откако двапати беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.
Говорот на Бајден, како што стои во новинарските написи, започнал со шеги за неговата непопуларност во јавноста, неговата возраст и односот на Трамп кон медиумите.
„Имавме ужасна чума – проследена со две години Ковид“, кажал Бајден.
„Навистина сум возбуден што ќе бидам овде вечерва со единствената група Американци со понизок рејтинг од мојот“, додал тој.
‘This is the first time the president attended this dinner in 6 years … We had a horrible plague, followed by 2 years of COVID’ — Pres. Biden begins his speech by firing shots at Donald Trump 👀 #WHCD pic.twitter.com/Sr8CpSghoY
— NowThis (@nowthisnews) May 1, 2022
„Отровот ја јаде нашата демократија, а дезинформациите се во пораст. Вие, слободните медиуми, сте поважни од кога било во минатиот век. Навистина тоа го мислам“, истакнал тој.
На вечерата присуствувале новинари, извршни уредници, службеници од администрацијата и познати личности, меѓу кои и Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон.
Агенциите пренесуваат дека Бајден не можел да одолее и да не ги спомне рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот американски претседател Доналд Трамп во своите завршни зборови.
„Тревор, навистина добрата вест е што сега можете да се пошегувате на сметка на претседателот на САД. Но, за разлика од Москва, нема да завршите во затвор“, му се обратил Бајден на комичарот кој го водел настанот.
President Biden just roasted Putin. Well said, Mr. President. pic.twitter.com/NfjZWhiGVh
— David Weissman (@davidmweissman) May 1, 2022