(ВИДЕО) Бектеши: Преевидени се 826 милиони денари со Буџетот за 2021. година

Врз база на буџетот кој Министерството за економија го донесе за 2021. година, предвидени се 826 милиони денари, од кои како што вели министерот Крешник Бектеши, 130 милиони денари се предвидени за плати и надоместоци на вработените, 167 милиони денари се наменети за капителни расходи, а 190 за субвенции.

Исто така, министерот на денешната прес конференцијата потенцираше дека предвидено е да се реализираат сите програми и мерки на Министерството за што предвидени покривање во неколку сфери.

Имено, издвоени се 47 милиони денари за програмата за енергетска ефикасност, 13 милиони за субвенции во приватните претпријатија, 50 милиони за поддршка на претприемништвото, 13 за субвенции за вградување на уред на погон на ТНГ метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, 140 милиони за изградба на гасоводната мрежа, а ќе продолжи и поддршката за домашниот туризам.

Слични содржини