Блокадата на белградската крстосница Автокоманда организирана од студенти трае веќе 12 часа, а на социјалните мрежи кружат фотографии и видеа од неверојатна глетка кога илјадници луѓе ги вклучиле светлата на телефонот и ја осветлувале оваа сообраќајна клучка.
Околу 20 часот учесниците на вечерашниот собир кај Автокоманда ги вклучија светлата на телефоните и ги насочија кон небото, со цел да покажат колкав е нивниот број. Како што претходно најавија студентите, излегувањето и блокирањето на автопатот е забрането поради безбедност.
Студентите и насобраните граѓани бараат од властите да ги исполнат сите барања во врска со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „сите барања на студентите ќе бидат исполнети во наредните денови“, најавувајќи „итна реконструкција на владата“ во која ќе бидат сменети „најмалку 50 отсто од министрите“, како и советодавен, необврзувачки референдум за неговата позиција, на кој, доколку не добие поддршка „ќе се повлече истиот ден“.