Прес-конференција на БЕСА:
Денес (четврток – 14.04.2016) се собра Централно Претседателство на Движењето БЕСА и ја дискутира настаната ситуација по одлуката на Претседателот на државата за помилување на 56 луѓе, повеќето од нив политичари, над кои е покрената или ќе се покрене кривична постапка од Специјалното јавно обвинителство или од Јавното обвинителство. Притоа Движењето БЕСА ги донесе следните заклучоци:
• одлуката на Претседателот на државата е противуставна и противзаконска;
• одлуката на Претседателот има сериозни политички последици за земјата, бидејќи де факто со овој чин е направено тенденција за укинување на работата на Специјалното јавно обвинителство, која беше постигната со голем труд и помош од меѓународната заедница, дури е ставен во опасност и самиот Договор од Пржино, исто така постигнат благодарејќи на асистенцијата на ЕУ и САД. Оваа одлука е сериозна закана и за угледот на Македонија во меѓународната сцена и речиси ја урива нејзината евро-атлантската агенда.
• Оваа одлука веќе создава тензични ситуации во земјата, чии последици ќе бидат непредвидливи и фатални и за безбедноста и мирот во земјата;
• Ваквата одлука, во која се помилуваат криминални дела на изборни манипулации и злоупотреба на власта низа години, како и корупција со астрономски размери, ограничување на слободата на медиумите, партизација на државата, дури и монтирање на судски процеси, ќе создаде стандарди според кои во Македонија ваквите дела може да станат практика, бидејќи некој утре може да ги помилува и нив како да не се случило ништо. Ние сме убедени дека оваа ќе ги охрабри ваквите феномени уште повеќе и ваквите стандарди ја ризикуваат сериозно иднината на државата;
• Поаѓајќи од ова, кога се помилувани манипулаторите на изборите, кога не се исполнети задачите од Договорот во Пржино за слободни избори, како и прочистување на изборниот список и реформите во медиумите, ние сметаме дека во Македонија нема веќе услови за слободни, фер, демократски и праведни избори.
Врз основа на ова Движењето БЕСА:
– Бара задолжително одложување на изборите на неодреден рок и да се создадат услови за нормална работа на Специјалното јавно обвинителство, изборниот список да се прочисти и да се исполнат докрај потребните реформи во медиумите;
– Бара енергична и директна интервенција на САД и ЕУ, со цел да се репарираат урнатите институции на државата, да се врати довербата во институциите и да се воздигне демократијата во земјата;
– Бара во иднина како дел од државотворноста да бидат и трите точки од нашата платформа РЕДЕФИНИРАЊЕ: да се формира експертска влада, да продолжи без никакви пречки работата на Специјалното јавно обвинителство и да се основа Специјален суд.
Движењето БЕСА ќе продолжи да ја следи политичката ситуација и во иднина ќе биде активна во заштита на интересот на граѓаните Албанци во земјата, но и на универзалните демократски вредности, а за идните чекори ќе се координира и со другите субјекти од албанскиот опозициски кампус.
Скопје, 14.04.2016 Движење БЕСА – Скопје
