(ВИДЕО) Бијонсе го промовираше спотот за својот нов сингл

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Откако ја немаше со месци во јавноста, Бијонсе го искористи настапот на синоќешниот Супер Боул за да го промовира својот нов сингл „Formation“.ikedjsdd

Паралелно со промоцијата на песната, на интернет се појави и спот за неа, кој предизвика воодушевување меѓу фановите на музичката дива.

Во спотот 34-годишната Бијонсе го покажа своето „затегнато“ тело, а многумина оценија дека таа изгледа „злобно“ како никогаш досега.

Во видеото, кое е инспирирано од Њу Орлеанс, се појавува и ќерката на Бијонсе, Блу Ајви.