Бијонсе е една од најуспешните пејачки, како и детерминанта на музичката сцена во моментов. Делумно можеби тоа се должи на нејзините постојани провокации и изненадувања, со кои ги радува своите обожаватели.
Најновотоизненадување од страна на Бијонсе е последната нејзина песна – баладата “Die With You”, која е посветена на нејзиниот сакан сопруг – Џеј Зи .Причина за создавањето на новата песна е седумгодишнината од свадбата со раперот.
33-годишната ѕвезда објави мал извадок од баладата во социјалните мрежи. На видеото се гледа како Бијонсе пее во живо и свири на пијано, облечена во црна спортска маица.
Во песната се пее: “Јас немам причина да постојам, ако не сум со тебе. Те сакам, па можам да умрам со тебе “ . Целата балада може да биде слушната и симната само од музичката платформа на нејзиниот омилен – Tidal.
Во ова видео може да слушнете дел од најновата песна на Бијонсе, посветена на Џеј Зи.