Боби веќе неколку пати со своите изведби на големи хитови докажа дека убедливо му нема рамен во шоуто во поглед на неговиот вокален распон, но сите некако беа во исчекување да го слушнат како тоа звучи и на македонски, а потајно и како би звучел пеејќи го Тоше.
Во вчерашната емисија која беше со тема „Мој избор“, тој се одлучи за еден од најголемите хитови на Тоше, „По тебе“, и изведбата беше маестрална. Покрај овациите од публиката, тој доби прекрасни коментари од жирито, а Жељко кој веќе еднаш му порача дека би сакал и тој самиот да пее како него, овој пат му порача дека Тоше сигурно би се гордеел со него.
Сосема заслужено Боби влезе во полуфиналистите на Икс Фактор и со радост ја чекаме следната емисија за да не воодушеви уште еднаш.