(ВИДЕО) Богоев: Јанкуловска и Бети да се вселат во студентски домови, а студентите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
82 прегледи

 
Пратеникот од СДСМ, Стефан Богоев, на денешните пратенички прашања се осврна на катострафалната состојба во студентски домови и побара одговорност од Владата зошто со години се одложува нивната реконструкција. Отако заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, ги наброја зафатите што Владата ги презела за обнова на студентските домови, Богоев побара од него да преспие неколку дена на местото на студентите, а тие да се вселат во луксизното седиште на партијата во Центар.

-Женската зграда во „Стив Наумов“ сместува 643 студенти кои имаат еден тоалет со ужасен санитарен чвор. Ако сте толку убедени во добрата состојба на студентски домови ајде заедно да отидиме и да преспиеме таму. Во женската зграда на „Стив Наумов“ еве пратете ги Гордана Јанкуловска и Елизабета Канческа-Милевска. Нека поспијат малку во таа зграда. Студентите нека се вселат во вашата партиска зграда да видат малку луксуз. Затворите во Норвешка се подобри од студентските домови во Македонија – рече Богоев.

Тој во своето прашање му се обрати на премиерот, Никола Груевски, но не доби одговор од него.

 

Заменик министерот, Спиро Ристовски, одговори дека реконструкцијата се одложувала поради процедурите што мора да се запазат според законот за јавни набавки.

BOGOEV

-Владата во неколку наврати спроведе неколкукратни реновирања на студентските домови. Во „Стив Наумов“ беа потрошени два милиони евра за доизградба на нови просторни. Владата го надгради студентскиот дом „Кузман“ и ќе продолжи со реновирање. Владата го реконструираше целиот блок Б во „Гоце Делчев“. Можеби сме пропуштиле некои од месеците за завршување на активностите, но тоа е резултат на процедурите кои мора да се запазат согласно јавните набавки. Блокот Б од „Гоце Делчев“ во ноември ќе биде комплетно опремен со мебел и од вториот блок ќе бидат преселени студенти за останатите два блока да се реконструираат.

Дополнително набрзо ќе се отвори нова студентска библиотека во овој дом која е во завршна фаза – рече Ристовски и побара од пратениците да „не се обидуваат политички да профитираат на штета на студентите“.

-Имајте политичка доблест – порача тој.