По смртта на Маринко Маџгаљ, водителot Огњен Амиџиќ излезе со идеја да направи одлична работа за сега починатиот пријател.
Поточно, тој сака да ги обедини сите песни на групата “Фламингоси”, а заработени пари да ги уплати на сметка на ќерката на Маринко, Сара.
– Ќе има неколку нови песни кои досега се необјавени, дури и оние во кои Маринко сам пее – изјави Огнен Амиџиќ, кого смртта на неговиот долгогодишен пријател длабоко го потресе.
Парите од албум ќе бидат префрлени на сметката на Сара, ќерка на Маринко, која ја има добиено од бракот со актерката Дубравка Мијатовиќ.
https://youtu.be/KyIEPmJbH2g
