Пејачката Бритни Спирс се откажа од превртување на сцената во последен момент. Тоа се случи на фестивалот Apple Music во Лондон.
За време на исполнувањето на една од песните, ѕвездата требало да направи превртување назад со помош на танчер, но во последен момент пејачката одбива тоа да го направи, пренесе NME.
Спирс очигледно се уплашила кога разбрала дека танчерот, кој ѝ помага не е оној со кого таа е навикната да танцува токму овој дел од музичкото шоу.
“Бев во шок кога ги видов овие раце, тие не се на човекот со кого работам во последните три години”, појаснила пејачката.
Таа додаде дека мажот веќе бил на сцената со неа, но досега не соработувале токму во овој момент од спектаклот.