Министерството за одбрана на Русија ја потврди веста, која ја пласита американска телевизија дека во Сирија е поставен зенитниот систем С-300В4 (извозен назив “Антеј-2500”). Според Fox News првиот комплекс пристигнал викендов.

Генерал. Игор Конашенков, портпарол на министерството, објасни дека системот е дизајниран да ја чува воено-поморскатат база на Русија во сирискиот град Тартус на Медитеранот и “се наоѓаат во крајбрежната зона на бродовите од оперативната група на ВМФ на Русија”.
Ова е исклучително одбранбен комплекс, никого не му се заканува и не разбирам зошто на Запад гледа на ова со закана, додава генералот.
С-300В4 сепак е систем за борба со оружје, со кои не располага никој од противниците на сирискииот лидер Башар ал Асад и неговите сојузници. Нејзините ракети се способни да погодуваат воздухопловни цели – авиони, хеликоптери и дронове, какои и тактички проектили со среден и мал дострел, изстрелани од далечина до 2500 километри.
Радиусот на дејство е 400 километри, а креаторите тврдат дека може истовремено да бидат погодени 16 балистички ракети и 24 воздухопловни цели.
Тоа значи дека ако системот е во Тартус, таа ќе може да го брани дури Дамаск и сириските сили во реонот на Алепо, како и да следи било каква активност во овој дел на Источен Медитеранот, вклучувајќи од Инџирлик во Турција и британската “Акротири” во Кипар.
Според Fox News овој систем никогаш досега не ја напуштал територијата на Русија.
Русија распореди слични ракетен систем С-400 на крајот на ноември откако турската авијација го собори руски Су-24. Во март 2016г. претседателот Владимир Путин нареди да се повлече главниот дел од рускиот авијациски контингент, но С-400 остана.