(ВИДЕО) Четворицата осомничени за терористичкиот напад во Каталонија донесени во судот во Мадрид

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Четворицата осомничени за учество во двојниот терористички напад во шпанскиот автономен регион Каталонија пристигнаа во судот во Мадрид, каде ќе ги слушнат обвиненијата против нив, пренесува дописникот на AFP.

Под засилени мерки за безбедност со полициски комбиња тие влегоа на територијата на Националниот суд кој ќе им суди за тероризам. Таму судиите ќе ги сослушаат и ќе одлучат какви мерки ќе им бидат пресудени по сослушувањето на обвинувањата. Бројот на жртвите на двојниот напад се искачи на 15 лица. Повеќе од 120 други се уште се лекуваат од повредите, потсетува агенцијата.