(ВИДЕО) Чилиманов, Тахири, Трпеновски и Селмани за Ад-хок телото во „Ноќен Експрес“

од Vladimir Zorba
79 прегледи

noken

Meтодологијата за мониторирање на медиумите е противуставна, медиумите не треба да се казнуваат, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ биле против изборот на Сефер Тахири, членовите на ад хок телото ќе бидат „началници“, но еден вели дека нема да биде и ќе се бори со ајкулите.. овие ставови ги искажаа: Цветин Чилиманов, Сефер Тахири, Горан Трпеновски и Насер Селмани во последното издание на Ноќен Експрес, на Канал 77.

Цветин Чилиманов член на ад хок телото го објасни неговиот став зошто е против казнувањето на медиумите

– Го жалам тој што мене ќе ми се јави со барање некој медиум да се казни. Од првиот до последниот ден и во рамките на оваа привремена комисија за следење на медиумското претставување, продолжувам да се противам воопшто на концептот на казнување на медиуми, рече Чилиманов.

Тој смета дека Уставот гарантира слобода на изразување, а методологијата за мониторирање на медиумите во изборниот период е противуставна.

– Таа методологија не е поважна од Законот, а Законот не е поважен од Уставот. Сé ова што се прави е противуставно, подвлече Цветин Чилиманов во гостувањето во Ноќен Експрес.

За Сефер Тахири, Чилиманов вели дека од СДСМ инсистирале по секоја цена да биде петтиот член, како да е крај на светот, за да најпосле, тој на Љубомир Костовски му предложи да се повлече од ад хок телото во корист на Сефер. Според Чилиманов апсолутно не смее да има државно регулаторно тело кое ќе определува професионални стандарди во новинарството, а Агенцијата за медиуми треба да ја нема заедно со нејзиниот директор.

Сефер Тахири во дискусиите кои се водеа откри зошто не бил избран во телото кое ќе го следи известувањето во предизборието.

– Заблудата во којашто беше ВМРО ДПМНЕ и нејзините претставници е дека тие по секоја цена ќе се противат да не бидат изгласани личности како мене. Мислам дека се во голема заблуда затоа што проблемот е во нивните медиуми. Нивните медиуми лажат, нивните медиуми секојдневно обвинуваат, нивните медиуми имаат голем говор на омраза и затоа овие членови коишто беа предложени од ВМРО не сакаа јас да бидам таму. Против мојата кандидатура категорично биле ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, рече Тахири.

Еден од избраните членови, Горан Трпеновски во дебатата нагласи дека ќе биде самостоен и дека нема да биде послушник или како што рече не се чувствува како „началник“, туку како што шеговито појасни: Началник во обид.

– Ако нема објективност јас сум подготвен и да си дадам оставка. Знам дека сите новинарски организации кажаа дека ова не е решение, ова е само козметика и дека партиите мора предлогот на Ван Хауте да го спроведат и да ги тргнат рацете од медиумите. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи. Не нарекуват четворица началници. Ако јас ги спроведувам одлуките на партија тогаш ќе бидам началник, но нема што да кријам, ќе се види мојата работа. Со мојата професионалност и моите колеги ќе пробам нешто да направам.

Со тие ајкули, со овие телевизии, знам дека тешко ќе оди. Доста ми е од пасивност и седење на страна,се нафатив конечно нешто да се направи со медиумите, рече Трпеновски.

Насер Селмани претседателот на ЗНМ ги повтори ставовите дека новинарската фела е загрозена од политичките елити, бидеќи им наметнуваат решенија и отворено запраша:

– Како можете да дозволите партиите да ви ги вршат работите? Јас не знам дали е Трпе началник ама делуваат како началници. Кога партиите се мешаат во работата на новинарите аир од тоа не може да има.

Тука приоритетен е интересот на партиите. Партиите денеска со изборот на Хазири го распуштија ад хок телото. За што се таму членовите? За да Мендух, Али, Зоран и Никола им го изберат петтиот член, Срамото!

За каков кредибилитет зборуваме, подвлече Селмани, Тој се согласи со Чилиманов – да нема ваков вид на казнување на медиумите, но претходно побара Цветин да ја подржи забраната на владини реклами, политичко рекламирање и укинување на клиентелистичките односи меѓу медиумите и политичките партии. Вака, владата е најголем огласувач и таа им ја диктира уредувачката политика на медиумите, рече Селмани.