Вчера точно напладне култниот феномен на македонската супкултура „Чиста околина“ го промовираше онлајн својот најнов сингл „Си играме со рапот“. Парчето е целосно авторско дело на составот, а гостин соработник е диџеј Славе.
Синглот е придружен со видео кое е во режија на Иван Солунчев, а продукција на S.B.Studio.
Чиста Околина е еден од најистакнатите хип-хоп состави кај нас, кој годинава ја одбележува 20-годишнината од објавувањето на својот студиски првенец.
Оформен во 1989-та со здружувањето на неколку млади рап бендови, Чиста Околина официјално започна да функционира како бенд во 1991-та година. Групата беше позната само во подземните кругови сè до 1994-та година и соработката со истакнатиот алтернативен рок бенд Last Expedition на песната „Ќељав Дабар“. Но активното работење, а посебно оваа соработка, го отвори слухот на пошироката музичка јавност за квалитетот и капацитетот на овој состав.
Во 1995-та година следуваат учества и настапи на неколку фестивали: Strip & Sound фестивалот, Трот Фест, Годеа Лаут фестивалот и учество во компилацијата „Македонски Документ – чекор втор“.
Безмалку пред точно 20 години, пак, на 14 мај 1996-та година беше објавен на касета денес култниот албум „Новиот аспект на старата школа“. Албумот е прво вакво издание во Македонија, во „олд скул“ стил и тенденциозно снимен без семплер, произведен само на ритам машина и грамофон, а доживеа и свое реиздание на CD за етикетата „Литиум Рекордс“ (2000).
Чиста Околина годинава ќе настапи на шестото издание на музичкиот open-air фестивач во Дојран, Д Фестивал.
Во продолжение текстот на најновиот сингл:
Си играме со рапот
Ај прозбори, кажи нова рима
Без клик ко клик клак овој призрак
Пимпла игра маст согорува
Знам што зборувам благословувам.
И после некој ќе ти рече нешто гадно
Повторувам со името славно.
А верувам во среќа под капа на брод
Марш у курац му реков на тој.
Немој така да збориш да си брз V. G
Зашто кога ќе нѐ чујат им смрзнува г’з
И до смеа не им е, а мене глеј ме
Го викам на сцена Самоил со знаење.
Самоил Царот божји дарот,
Имам повеќе рими одошто мудата во синдикатот! (Се мисли на Работничкитe Синдикати на Македонија)]
Во мене гнев, ама сум над сѐ
Рапот треба да дојде до мене еј!
Рефрен: Ајде! Сега, ајде, што со рапот?! Имплозија на свеста!
Ајде! Сега, ајде, што со рапот?! Си играме курташак!
А бе не, не правам муабет за тоа,
Си играм курташак го правам ова.
Јас сум некој и нешто, не, не сум тиња
А ти остани и биди ти јас!
Самоил пак јак, види наш знак
Носам чело во тело па гласот врело во дело пак.
Душата ти ја лекувам
Оти исто како Мизар јас истекувам.
И тоа е така, и тоа е така
Се чувствувам јас онака.
Па блесни бе, не се кези де, не ме еби бе
Качи се на сцена па замени ме!
Растури ја оваа сурија
Тоа не е ништо сем дечурлија.
Го ставија во кошула пред судија
Не му наудија ниту го удрија.
И мрза сум во конц-логор стави ме
Ама јас сум тврдокорен сега некој друг е мек.
Раперите сакаат секаде чек во век
И насекаде чекаме пекаме реката да нѐ изеде !
Бирам, конципирам
А Ноневски би рекол рециклирам!
Во адот се гласам со лира, играм со светот се мирам
Преку кур од нешто што прави да сум изнервиран!
Диктиран си, ти си хит поп
Тоа R(итам) N’B(улшит) стана хип-хоп!
Се е дело на власта која продира
Само џган облечен во тиранин.
И знам дека песнава е сирова
Ама Околината е евергрин како Нина Спирова.
Еден бакнеж за луѓе што се ветви
Нема веќе рап раперите се мртви?!
Курташак си играме со рапот!
Рефрен: Ајде! Сега, ајде, што со рапот?! Имплозија на свеста!
Ајде! Сега, ајде, што со рапот?! Си играме курташак!