(ВИДЕО) Човекот на Вучиќ и поранешна ракометна ѕвезда удри студент среде Белград

од Milan1
669 прегледи

На Меѓународниот ден на трудот, Белград беше поделен на протести и прослави. Додека во центарот на градот се одржуваше прослава со шатори, храна и собир на поддржувачи на владејачката партија, само неколку стотини метри подалеку се одржа голем протест со пораки за правда и одговорност, пренесува Nova.rs. Насобраните потсетија на трагедијата во Нови Сад, каде што пред шест месеци по уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 16 лица.

Тензиите ескалираа кога студентите и воените ветерани што доаѓаа од протестот се соочија лице в лице со симпатизерите на Вучиќ. Во еден момент се случи инцидент, поранешниот српски ракометар Владимир Мандиќ, денес активен член на Српската напредна партија, физички нападнал студент. Тој го шутна и се обиде да го исфрли од оградениот простор каде што се одржуваше прославата. Сè беше снимено со камери.

Кој е Владимир Мандиќ?

Мандиќ, поранешен ракометар на Црвена звезда и Партизан, во последниве години е попознат по својата политичка вмешаност и контроверзии отколку по спортот. Тој е поврзан со бројни афери и наводно поседува дури 46 недвижности само во Белград.