(ВИДЕО) Цитат на денот: Украина губи од рудари и трактористи

од desk3
81 прегледи

 

“Се разбира, секогаш е лошо да се изгуби. Се разбира, тоа е неволја за они кои загубиле, особено ако си изгубил од довчерашни рудари и трактористи. Но таков е животот – тој само си продолжува.”

Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта на прес-конференција на крајот на посетата.

Со оваа дефиниција за “сепаратистите” тој се обидел да пренесе дека тие се локални жители. Всушност значителен дел доаѓаат од руските градови како волонтери. Покрај ова, Путин не појасни како довчерашни “рудари и трактористи” управуваат и пукаат со тенкови и софистицирани системи за рафален оган и хаубици, гаѓајки цели 30 километри.

Коментирајќи ја ситуацијата во клучниот железничката јазол Дебалцево каде украинските единици трпат пораз, тој го повика Киев да им овозможи да се предадат, бидејќи “спасувањето на животот на овие луѓе,кои упаднале во овој “котел” е заедничка задача на сите”.