Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ по прес-конференција ги одведе новинарите во дворот на зградата на СИВ за да им покаже возило на жандармеријата со монтиран уред „LRAD“ и да ја демонстрира неговата работа.
Припадниците на одредот на новосадската жандармерија, чие возило со апарат „LRAD“ беше фотографирано до зградата на Народното собрание, ја демонстрираа работата на овие уреди и пуштија однапред снимена порака која, според Дачиќ, ги предупреди демонстрантите да се разотидат.
Помал „LRAD 100X“ припадници на Жандармеријата го распакуваа и го пуштија снимениот звук.
Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ изјави дека на уредот бил снимен гласот на командантот на одредот на Жандармеријата.
Кога дошло време да се демонстрира вториот, поголем уред „LRAD 450 XL“, кој се наоѓал на споменатото возило на Жандармеријата, настанал проблем бидејќи неговата батерија не работи. Како што објаснија Дачиќ и Васиљевиќ, уредот никогаш не бил користен, бил на складирање четири години и неговата батерија ги изгубила своите својства. Затоа, треба да се монтира на возилото и да се поврзе со батеријата за да работи. Така, за да се пушти снимениот предупредувачки звук, припадниците на Жандармеријата морале да го запалат автомобилот.
Дачиќ побарал звукот да се пушта на максимална јачина.
„Тоа е вселенска технологија“
Тој рече дека ова е единствената функција што ја имаат овие уреди и нагласи дека полициските службеници не биле обучени да ги користат за друга намена.
„Тоа е таа вселенската технологија за која зборуваат. Тоа е техничка алатка, не се смета за оружје овде. Нашите луѓе не се обучени да го користат. Им служи на нашите единици кои се одговорни за одржување на јавниот ред и мир. Што се однесува до звукот, тој се користи само за предупредување демонстрантите да си разотидат но тоа не било употребено.
Тој исто така истакна: „Немаме други уреди.
На крајот, тој додаде дека LRAD не се смета за оружје и може слободно да се купи, па на новинарите им покажа оглас за користен уред на „eBay“.