(ВИДЕО) Даниел Кајмаковски сними одлична песна посветена на социјално загрозените семејства

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Даниел Кајмакоски во соработка со познатиот американски Р&Б изведувач Merj (formerly Blackstreet) и бугарскиот артист Бобо ја сними песната “Carry the flame” како дел од кампањата за фондацијата Holiday Heroes. Целта на кампањата е да се помогне на социјално загрозените семејства, а песната е химна на проектот.kajmak-so

 

Песната која беше вчера промовирана во Софија, можеби за првпат е во оној стил кој му лежи природно на Даниел и во кој блескаше за време на Икс фактор. Хитот покрај тоа што упатува моќна порака, звучи многу модерно, или како што умееме да речеме „светски.“

Спотот е сниман во неколку локации низ Македонија, меѓу кои Старата турска чаршија, и плоштадот во центарот на Скопје.