(ВИДЕО) Даниел со успешна предеврозвизиска промоција во Амстердам

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Нашиот евровизиски претставник годинава, Даниел Кајмаковски, вредно работи на промоцијата на неговата песна пред големиот фестивал. Тој беше дел од најголемиот предевровизиски промотивен настан во Амстердам „Eurovision in concert“ кој се одржа во клубот Мелквег и настапи пред 1500 фанови кои му ја дадоа целосната поддршка.danielAmsterdam-2-640x320

„Чувството е прекрасно кога имаш можност да ја претставиш песната во живо пред толку многу евровизиски фанови, а тие да ја пејат со тебе од почеток до крај. Навистина сум задоволен и полека почнувам да ја чувствувам таа позитивна евровизиска возбуда“  – изјави Кајмакоски.

На концертот настапија 24 учесници кои пред настапите беа интервјуирани од многу локални, но и интернационални медиуми.

Во петок, на 25-ти април, Даниел Кајмаковски ќе настапи на гала забава во Москва, каде уште еднаш ќе ја претстави македонската евровизиска песна пред публиката.