(ВИДЕО) Давид навистина покажа дека има ангелски глас

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Вчера ја проследивме втората фаза од натпреварувањето во Икс фактор помеѓу учесниците во куќите на судиите. Давид притоа успешно си резервираше место во тројката на Александра.david-temelkov-620x400

По долго размислување, Александра одлучи нејзините тројца финалисти да бидат Антонио Криштофиќ, Илија Михаиловиќ и нашиот Давид Темелков кој се претстави со песната „Angels“ од Роби Вилијамс. Со неговиот настап тој уште еднаш покажа дека има неверојатен талент и ги покори срцата на Александра и Калиопи, но и целата публика.