(ВИДЕО) Дебата на „Клик Плус“: Диво насеље – една година подоцна

од Vladimir Zorba
61 прегледи

 

klik

На синоќешната дебата во Клик плус се разви жестока дискусија за случувањата од Диво Насеље, една година подоцна. Поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов и адвокатот на обвинетите за тероризам од инцидентите во „Диво Насеље“ Насер Рауфи, влегоа во дискусија бидејќи според Ангелов, тие што се заробени и два дена пукале кон полицијата, мора да останат засекогаш во затвор.

„Прво многу е битно кој прв нападнал. Во обвинителниот акт стои дека наводно вооружената група извршила напад на специјалните единици, што не е точно. Доказната постапка покаже дека е спротивно. Овие вооружени лица, факт е дека биле вооружени и биле нападнати во 5 часот наутро без да бидат опоменати.“, рече Рауфи.

„Јас вакви глупости не би слушал во емисија бидејќи некој нападнал регуларна полициска единица, ова е апсурдно. Полицијата кога ќе дојде никој нема право да се брани од полиција, да се бранат со оружје од напад на полиција. Полицијата отишла таму да ги уапси  затоа што биле сторители на кривични дела, иако во самата битка први отвориле оган терористите, дури и да е обратно, како може некој да се брани со оружје од полициски напад.“, реплицираше Ангелов.

Дел од синоќешната дебата можете да видите тука