Само еден ден откако беше објавено видеото во кое 1000 музичари ги зедоа своите инструменти и микрофони и во еден глас и ритам го изведоа хитот на Фу Фајтерс “Learn to Fly“, за да ги повикаат на концерт во Чезена, Италија, бендот даде видео одговор.
Фронтменот Дејв Грол на италијански јазик одговори дека тие се воодушевени од нивната изведба и ќе дојдат да им го исполнат барањето многу наскоро.
Инаку, Дејв Грол неодамна ја скрши својата нога токму за време на концерт и дури продолжи со изведбата за да ги задоволи своите обожаватели. Колку брзо ќе стигнат Фу Фајтерси во Италија, останува да видиме.