Протестите во Кочани, кои започнаа како повик за правда по трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, денеска ескалираа. Граѓаните, барајќи одговорност од сите засегнати, се собраа пред општинската зграда, фрлаа јајца и извикуваа: „Бараме правда“, „Секој еден може да е следен“, „Убијци“.
Демонстрантите првично побараа средба со градоначалникот во оставка, Љупчо Папазов, но беа спречени од полицијата. Во знак на револт, тие се упатија кон угостителскиот објект „Класик“, кој е во сопственост на газдата на клубот „Пулс“.Толпата влезе внатре и буквално го демолираше локалот.
Како што пренесоа некои медиуми демолирани се и возилата на сопственикот на дискотеката „Пулс“. Граѓаните велат дека нема да запрат сè додека не се утврди целосната одговорност за трагедијата.