(ВИДЕО) Демонстрантите минаа под Триумфалната порта – извикуваа: „Нема правда, нема мир“

од Vladimir Zorba
76 прегледи

protesti porta

Илјадници граѓани со извици  „Нема правда, нема мир“ минаа под Триумфалната порта Македонија и тргнаа кон зградата на Владата, информира Мета. Претходно, тие пред Парламентот го изразија својот револт против политиките на владата и против изборите закажани за 5 јуни. Денеска, тие, исто така, така бараат нивно вклучување во евентуалните преговори меѓу партиите што треба да се одржат во петок во Виена.

Нови протести имаше и во неколку градови низ Македонија, меѓу кои во Битола, каде се бара оставка и од градоначалникот Талевски, но таму се најавени и контра протести.

Протестите се одржуваат веќе втора недела, по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, за прекин на сите постапки поведени против политичари, кои се поврзани со прислушувањата. За таа цел беа помилувани 56 лица.