ВИДЕО: Демонстрантите во Багдад упаднаа во зградата на парламентот

од Берта Китинска
229 прегледи

Стотици следбеници на влијателниот шиитски верски водач влегоа во парламентот по втор пат оваа недела во знак на протест против напорите на партиите поддржани од Иран да формираат влада.

Ирачките безбедносни сили се обидоа да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на парламентот користејќи солзавец и димни бомби.

Илјадници луѓе има на протестот во зелената зона во Багдад каде се наоѓаат институциите. Пред да упаднат во парламентот, тие ги отстранија барикадите поставени околу таа зона.

Новинарите на АП јавија дека неколку лица се повредени.

Шиитскиот верски водач Моктада Садр повика на протест против проиранската влада.

Слични содржини