270
Десетици луѓе упаднаа во израелската амбасада во Јордан по експлозија во болница во Газа.
Да потсетиме, вечерва беше погодена болница во Газа. Палестинците тврдат дека се работи за израелски напад и дека загинале најмалку 500 луѓе.
Израел соопшти дека болницата била погодена од ракета истрелана од палестинскиот исламски џихад.
Израелското Министерство за надворешни работи сè уште не го коментираше инцидентот.
Видеата на Твитер покажаа лута толпа која ја опкружува зградата и се обидува насилно да влезе внатре.
תיעוד בירדן: עשרות נוהרים לשגרירות הישראלית בירדן. הקריאות ברשת ״לשרוף״. הצוות הישראלי מלפני מספר ימים בארץ. pic.twitter.com/ZNlEUCZQgr
— Fadi Amun | فادي أمون | פאדי אמון (@FadiAmun) October 17, 2023