(ВИДЕО) Детали од обидот за атентат на рускиот провладин пропагандист: Возачот починал, формиран голем кратер од експлозијата

од Nikola Popovski

Автомобилот со Захар Прилепин, руски писател и член на партијата „Праведна Русија – за вистината“, експлодирал во руската област Нижни Новгород.

Како што јавуваат тамошните медиуми, Прилепин е тешко ранет, а возачот починал. Во меѓувреме од неговата прес-служба објаснуваат дека „со него се е во ред“. Според весниците, Прилепин се враќал во Москва од окупираниот Донбас.

На 6 мај, писателот ја преминал руската граница. Познато е дека по пат застанал на ручек во регионот Нижни Новгород. Веднаш откако продолжил да вози, дошло до експлозијата.

Експлозијата била „прилично силна“, а на местото на експлозијата се создал кратер. Од експлозијата Прилепин се здобил со „повреди на ногата“.

Прилепин е познат руски писател и пропагандист кој од 2014 година ги поддржува сепаратистите поддржани од Русија во окупираните територии на Донбас и активно се залага за војна. Во јануари беше објавено дека Прилепин „потпишал договор со Националната гарда на Русија“ и „заминал да се бори во Украина“.

Слични содржини