ВИДЕО: Детали за експлозијата во рудник во Турција

од Берта Китинска
138 прегледи

Според досегашните информации, две лица загинале, а 20 се повредени во експлозијата што се случила во рудникот во Бартин, Турција. Ова го изјави министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, пренесува „Анадолија“.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и министерот за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, отпатуваа на местото на настанот.

Според неофицијални информации од Турција, 50-ина лица останале заробени во јамата по експлозијата. Причината за експлозијата не е позната.

Слични содржини