На границата меѓу ДНР и ЛНД се предале украински војници кои биле напуштени од сопствената команда крај Дебалцево, пишува пред неколку минути rustoday.info. Според извештајот од новинари на сајтот, борците биле во лоша состојба, со треперливи раце од страв и студ.
“За овие борци од елитата , војната е завршена”, пишуваат од медиумот. “Денес беа земени во заложништво од сепаратистите. Тие не ги убивааѕ заробениците . Меѓу нив имаше двајца повредени – преврзан е и го испратија во болница. Во заробеништво на осепаратистите земени се девет украински војници. Овие борци се предадоа сами. Сто и прва бригада – тоа се чувари на украинскиот Генералшатб. Дури и нив Киев фрлил во мапината за мелење месо наречена “котел во Дебалцево”. Одлуката да излезат со кренати раце ја дал командантот полковник. Тие веќе немале ниту муниција ниту резерви “, пишува рускиот сајт.
Таму се прецизира дека после украинските борци биле нахранети и облечени, а на видеото кое може да се види , се гледа како лидерот на ДНР Александар Захарченко им држи говор во кој им објаснува дека Киев ги користи за “топовско месо”