Актерката Џенифер Гарнер конечно одлучи да се приклучи на Инстаграм и го започна виртуелниот живот во социјалната мрежа со забавно видео. На него ѕвездата има табла и реди буквички, а крајниот резултат гласи: “Веќе официјално сум во Инстаграм … па ве молам, следете ме, зашто така е редот, нели …”.
Само за неколку часа Гарнер успеа да собере 120 000 фанови кои секој нареден ден се зголемуваат со илјадници.
На својот профил Џенифер поставила фотографија од премиерата на “Miracles From Heaven” во Холивуд во 2016, а во биографскиот дел линк до страницата за собирање на средства за настраданите деца по ураганот Харви. Актерката е амбасадор на добра волја во оваа добротворна иницијатива.
Пред 3 години убавицата тврдеше дека Facebook е доволен простор за докажување, па нема намера да го зголемува своето присуство на интернет.
“Имам официјална Facebook страница и не планирам да влегувам во Instagram или Twitter. Имам неколку причини за тоа. Не сакам непотребен спам во телефонот и компјутер. Доволно тешко ми е да ги одговарам на сите пораки, па последното што сакам е да се чувствувам залепена за телефонот или компјутерот. А и што некој би сакал да види од мене во Instagram. Подобро е да не сум дел од тоа. Едвај некој ќе сака да гледа како јас и останатите мајки ги оставаме децата во градинката “, коментира во 2014 пред People Гарнер.
https://www.youtube.com/watch?v=WbW1eTFYuR4