(ВИДЕО) Диди кани 13 годишно девојче на приватна забава, „ваквите работи ги правел јавно, замислете што се случувало зад затворените врати“

од Milan1
144 прегледи

Старото видео во кое Шон Диди Комбс повикува млада актерка на забава повторно стана вирално, и тоа среде обвинувањата дека музичкиот магнат наводно сексуално злоставувал малолетници. Во клипот од Ем-ти-ви филмските награди 2003 година, тогаш 33-годишниот рапер ѝ приоѓа на 13-годишната Девеј Чејс и ја прашува: „Дали вечерва доаѓаш на забавата по доделувањето?“, додека во раката држи пијалак.

Чејс кимнува со главата во знак на одобрување, а Диди потоа се смее. На видеото се гледа и актерот Ештон Качер кој се смее заедно со нив. Се чини дека Диди и младата актерка се запознале порано вечерта, кога Диди и Качер ѝ ја доделиле на Чејс наградата за најдобар негативец за улогата на Самара во хорор хитот „Круг“.

Видеото предизвика многу бурни реакции, па многу корисници на социјалните мрежи сега го споделуваат со коментари како:

„Диди ваквите работи ги правел јавно, замислете што се случувало зад затворените врати“ и „Ова е страшно. Се надевам дека ќе добие доживотна казна“.

Да потсетиме, Диди е уапсен во Њујорк и е во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.

Неделава против него беа поднесени уште пет обвиненија. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал. Дополнително, Комбс се товари дека дрогирал еден маж и три жени.

Слични содржини